ИПАРД ги подобри условите на свињите во Агрија

Bez autora
Dec 19 2011

Земјоделците од општините Велес, Градско и Чашка се повеќе се заинтересирани за користење на европските пари од ИПАРД-програмата. Досега за реконструкција на свињарски и краварски фарми, потоа за подигање на нови лозови и овошни насади и поставување на систем "капка по капка", средства добиле петмина земјоделци и фирми. Со пари од ИПАРД-програмата деновиве заврши реконструкцијата и на свињарската фарма на компанијата "Агрија" од Велес, која се наоѓа кај селото Чичево, недалеку од Градско. Со инвестицијата вредна 160 илјади евра, компанијата го обнови одгледувалиштето на свињи и доби проширување на капацитетот за 30 отсто. Ги подобри услови за одгледување на свињите и ја намали смртноста. Покрај ова, со проширувањето, компанијата ги намалила и трошоците на производство, го зголемила дневниот прираст, го скратила бројот на денови за постигнување поголема тежина и обезбедила повеќе прасиња од една мајка.

ИПАРД ги подобри условите на свињите во АгријаЗемјоделците од општините Велес, Градско и Чашка се повеќе се заинтересирани за користење на европските пари од ИПАРД-програмата.

Досега за реконструкција на свињарски и краварски фарми, потоа за подигање на нови лозови и овошни насади и поставување на систем "капка по капка", средства добиле петмина земјоделци и фирми.

Со пари од ИПАРД-програмата деновиве заврши реконструкцијата и на свињарската фарма на компанијата "Агрија" од Велес, која се наоѓа кај селото Чичево, недалеку од Градско. Со инвестицијата вредна 160 илјади евра, компанијата го обнови одгледувалиштето на свињи и доби проширување на капацитетот за 30 отсто. Ги подобри услови за одгледување на свињите и ја намали смртноста. Покрај ова, со проширувањето, компанијата ги намалила и трошоците на производство, го зголемила дневниот прираст, го скратила бројот на денови за постигнување поголема тежина и обезбедила повеќе прасиња од една мајка.

- Свињите од нашата фарма сега се одгледуваат според прописите на ЕУ. Сместувачките услови и здравствени заштита е далеку подобрени. Сега немаме никакви проблеми во одгледувањето на прасињата и намалувањето на нивната смртност. Со новата инвестиција го зголемуваме бројот на товениците, а во многу го подобруваме и квалитетот на месото - рече Виолета Бочварова, технички директор на компанијата "Агрија".

Во селото Иванковци со пари од ИПАРД двајца земјоделци поставија системи за наводнување "капка по капка" на повеќе од пет хектари лозови насади, а извршена е целосна реконструкција и на една краварска фарма во околината на Велес.

Земјоделците од Велешко велат дека постои голем интерес за овие средства. Меѓутоа, за прибирање на потребната документација им требало многу време. Токму поради ова од Министерството за земјоделство најавија дека за наредните конкурси тие ќе побараат од ЕУ намалување на документацијата за исполнување на критериумите.

- Со цел, што повеќе земјоделци и сродни компании да можат да аплицираат и да добијат пари од ИПАРД-фондовите ќе побараме да се намали бројот на документите што досега беа барани. Точно е тоа дека тешко се доаѓа до европските пари, но и покрај обемната документација компанијата "Агрија" е успешен пример за користење на ИПАРД-фондовите - рече министерот за земјоделство Љупчо Димовски.

И покрај сложеноста околу прибирањето на документацијата раководителот на подрачната единица на Министерството во Велес, Антонио Трајковски не информираше дека на последниот конкурс за користење на овие европски пари аплицирале 15 земјоделци и фирми. Најголем број од нив се за реконструкција на свињарски и краварски фарми, како и за подигање на нови лозови и овошни насади.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik